Стоилковски: Дали фирмите ангажирани за најпозната надградба без документи во Карпош се фирми добитнички на тендери во Град Скопје

Од:

„Најпознатата дивоградба во општина Карпош напредувала и во деновите на жалост. Надмината е дозволената висина, за тоа нема дозвола, менувани се документи отпосле- и тоа во сабота во неработен ден- скандалот е доволно познат, а институциите ги нема на терен! Што повеќе е потребно за сомнеж за здружување во криминалот“, кажа Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Која е фирмата односно фирмите ангажирани за најпозната, најлуксузната дивоградба во општина Карпош, надградба без документи ? Дали се тоа фирми добитнички на тендери во Град Скопје? Дали воопшто има финансиска трансакција кон нив или се работи за противуслуга?

Оттука, додека се уште расте оваа дива надградба, уште еднаш повикуваме инспектори од урбанизам на Општината Карпош, но и државниот инспекторат за урбанизам- да излезат на терен и да направат увид и записник за фактичката состојба, дали висината на оваа градба е во рамки на ДУП-от, и дали има одобрение за надградба или се работи за класичен криминал?

Пишувани се казни на луѓе заради немање табла пред објект кадешто се изведува градба, зошто Шилегов е привилегиран?

Прашањата се нижат, а одговори нема ниту од Шилегов ниту од институциите, што раѓа сомнеж за злосторничко здружување!

Молкот во случајов значи злоупотреба на овластување и на служба. И тоа е кривично дело“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ