Стоилковски: Четири едноставни прашања по чиишто одговори Спасовски ќе мора да понесе одговорност

Од:

Oчигледно на Оливер Спасовски му е мака да одговори на едноставни прашања од опозицијата, па дополнително ќе му ги олеснам, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Директно барам одговор од МВР,
1. Дали лицето Шукри Асани од Ласкарци со определен ЕМБГ поседува одобрение за оружје, издадено од првостепена комисија на МВР предводена од Музафер Каришиќ?
2. Дали на име Шукри Асани со истиот ЕМБГ од првото прашање во МВР е регистриран пиштол марка Глок, калибар 9 милиметри?
3. Дали за Шукри Асани со истиот ЕМБГ од првото прашање има полициско досие, или е замешан во најмалку еден случај „предизвикување на општа опасност” кога било употребено иогнено оружје?
И четврто дали лицето Шукри Асани, со ист ЕМБГ од првото прашање, е дел од списокот лица за проверки од планот Безбеден град?

Апелирам до медиумите во интерес на јавноста, истиве прашања, доколку МВР не одговори конкретно, редовно да ги поставуваат до МВР, Спасовски, Тасевски, било кој од МВР што ќе излезе во јавност.

Ова е важно, бидејќи конкретните точни одговори, ќе значат дека МВР издава одобренија на регистрирани криминалци од листата Безбеден град, дека комисијата составена од Оливер Спасовски водена од Музафер Каришиќ дава одобренија на луѓе за коишто има законски пречки за тоа, и најважно, дека Оливер Спасовски крие, стои зад вооружувањето, и ја мами јавноста за тоа!

Оливер Спасовски со само овие 4 куси точни одговори ќе мора да замине од министерството и да ги даде сите други одговори по коишто ќе следи одговорност!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања