Стогодишнина од првата електрична светилка во Охрид

Од:

Со пригодна свеченост во организација на Лајонс клубот „Лихнидос“ денеска во Охрид ќе биде одбележана стогодишнината од поставувањето на првата електрична светилка во овој град од страна на тогашната австриска војска.

По повод јубилејот кај Градското пристаниште ќе биде откриено пригодно обележје, а кус историски час по повод настанот ќе одржи Никола Митровиќ од Историскиот архив во Охрид.

Професорот Зоран Тунтев во врска со настанот појасни дека при претрага во депото на Историскиот архив во Охрид во потрага по стари фотографии наменети за пригодна изложба по повод 8-ми декември – празникот Свети Климент – патрон на градот, наишол до податок дека пред точно сто години, во 1916 година на Градското пристаниште во Охрид бил поставен првиот електричен фенер, од страна на Австриската војска за што постои и фотографија. Тоа го инспирираше Лајонс клубот „Лихнидос“ да покрене иницијатива на истото место да се подигне фенер и соодветно да се означи со пригодна плоча на македонски и германски јазик, вели Тунтев.

На свеченоста најавено е присуство на амбасадорката на Австрија во Република Македонија Ренате Коблер и на претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ