Сто пакети хуманитарна помош за социјално ранливи жители на општина Кисела Вода

Од:

Општина Кисела Вода преку соработката со бизнис заедницата од овој дел на Скопје и Црвен Крст-Кисела Вода, покренаа нова акција за помош на социјално загрозените лица. Од денеска, до крајот на неделава ним ќе им бидат дистрибуирани сто пакети со храна, пијалаци и средства за хигиена.

Помошта ја обезбеди Општина Кисела Вода преку соработката со компаниите: „Макомаркет”, „Душегупчани,” „Стокомак”, „Везешари”, „Рајска градина” со кои, информира општината, и досега многупати им е излегувано во пресрет на жителите од социјално ранливите категории.

– Воедно, потсетуваме дека во насока на правилно спроведување на мерките и препораките за заштита, превенција и спречување на ширење на корона вирусот, Општина Кисела Вода заедно со Црвениот Крст-Кисела Вода, обезбеди мобилни тимови кој им помагаат на ранливите категории граѓани за време на полицискиот час. На овој начин лицата од општината со попреченост или инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица, и сите останати жители со одредени хронични болести, кои имаат неопходна потреба од некаква помош како набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, можат да се јават на телефонскиот броеви Црвен крст Кисела Вода: 070/379-456 и 02/3211-417, по што бесплатно ќе ја добијат услугата што им е потребна, наведоа од Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он