110 професори до Владата: Откажете се од државниот испит или следи жесток отпор

Од:

Со име и презиме, сто и десет професори му се обратија преку оглас на премиерот да се откаже од измените во Законот за високо образование, во спротивно најавуваат дека Владата ќе се соочи со жесток отпор во сите граѓански и академски облици.

-Најодговорно тврдиме дека државниот испит не е „лекот“ на болестите од кои страда високото образование. Ваквиот државен интервенционизам во автономијата на универзитетот е знак на непочитување, непризнавање и потценување на сопствената национална академска заедница, нешто што ниту една власт во светот не би го направила доколку држи до националните вредности. Ова е директен идар врз уставно загарантираната слобода на образование, бидејќи државата одлучува кој може да дојде до диплома, а кој не е способен за тоа. Со најновите законски решенија, кои го надминуваат прашањето за државниот испит, вие го укинавте универзитетот како таков, се наведува во отвореното писмо од професорите до владата.

image-3615c63168ef4e54470558ab029ee40408fbd21bb478ab93434e726131fecd50-V

Професорите исто како и студентите веруваат дека со новите законски решенија се навлегува во автономијата на Универзитетот. И покрај многуте реакции, владата го усвои законот и го даде во собрание каде итно е закажана седница пред новогодишните празници за негово усвојување.

image-c235de55fc424b60fcfa3690c3847bfbc854043ae19f7776822125d052ec0f07-V

image-19e862308f30cfbd8f95430ecf1b3420b18ba28f5cb1a0aadd5d1a30b73a6ac9-V

image-a92fc83a19e57cba55a30b0432e8cb2aa1c1a4f120b434ce6db5913fd77c447b-V

Би можело да ве интересира

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата