Сто години од битката кај Битола на Источниот фронт на Франција

Од:

По повод одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна денеска на Француските воени гробишта во Битола ќе се одржи комеморација за битката кај Битола од 18 мај 1917.

На одбележувањето од загинувањето на француските војници од Источниот фронт ќе присуствуваат амбасадорите на Франција и на Алжир во Македонија.

Помеѓу загинатите војници, многумина биле по потекло од Алжир. Кон крајот на 1914, на Запад, како и на Исток, состојбата на фронтот на Големата војна била непроменета. Тогаш, Винстон Черчил предложил да се помине во офанзива на Константинопол, преку Протокот на Дарданелите. Сепак, таа офанзива доживеала неуспех, а влегувањето во војна на Бугарите во септември 1915 година претставувало нова закана за Србија. Тогаш Франција одлучила да почне нова операција за поддршка. На 5 октомври 1915 година војниците на Француската источна Армија се истовариле во Солун. По првичното напредување кон север во регионот на Градско, бугарските сили ја принудиле Источната армија и нејзините српски и англиски сојузници да се повлечат во ноември 1915 година во правец на Солун. Во 1916 година Француската армија повторно го освоила градот Битола, но тој и понатаму бил гранатиран од бугарската артилерија од правец на Планината Баба. Во пролетта 1917 година, Франција започнала офанзива, но таа резултирала само со убиствени борби.

На 18 мај, бугарските топови ја гранатирале областа наречена “Црвена Скала”. Во борбите учествувале 6.000 војници кои припаѓале главно на полкови од Алжир и составени од Алжирци или Французи родени во Алжир. Загубите биле страшни. Голем број од тринаесетте илјади војници погребани на Француските воени гробишта во Битола загинале на 18 мај 1917 година. Преживеале само 259 војници.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција