Стипендист на општина Карпош победник на млади пијанисти во Москва

Од:

Стипендистот на Општина Карпош, Кристијан Мирковски е апсолутен победник на фестивалот „Деца на Русија на 21 век“ кој се одржа во Москва, Русија кој се одржа на 12 минатиот месец.

Тој се натпреваруваше во средната категорија на пијанисти, на возраст од 10-12 години, каде што триумфираше како победник во својата категорија, и апсолутен победник на целиот фестивал.

Жири комисијата беше составена од видни руски уметници, Вера Б. Носина професор на Руската Академија за музика, „Гнесин“, Александар Евгеневич Майкапар заслужен артист на Руската Федерација, Галина С. Журавлева заслужен артист на Руската Федерација.

По завршувањето на натпреварот се организираше завршен концерт на победниците во Музејот„ Глинка“. Инаку, Кристијан е ученик во ООУ „Јан Амос Коменски во Тафталиџе 1 и петто одделение во Државното музичко-балетско училиште „Илија Николовски Луј“ во класата на професорката Станислава Поцевска. Ова беше шестиотот фестивал – конкурс на млади пијанисти и органисти “Деца на Русија на 21.век”, кој се одржа во државната буџетно-образовна институција за дополнително образование на децата на градот Москва, Детското Музичко Училиште Самуил Мојсеевич Майкапар, кое е под управа на културата од Северо-Западната административна област на градот Москва.

Во рамките на фестивалот кој се реализираше во Музејот Островски во Москва, се одржа концерт “Топло срце” на кој учествуваа деца со посебни потреби, на кој настапи и нашиот Кристијан Мирковски со композицијата “Скерцино” од Самуил М.Майкапар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош