Стихови за борбата, пркосот и слободата во Кампот на Слободата

Од:

Кој ќе ја плати сметката? – стихови за борбата, пркосот и слободата е нова поетска збирка од Џабир Дерала на македонски јазик. Промоцијата на оваа збирка ќе се одржи денеска (вторник, 23 јуни), во Кампот на Слободата, со почеток во 20:30 часот. На програмата е претставување на поетската збирка на авторот, но и поетско читање на гостите на авторот кои ќе се претстават и со свои стихови за слободата, како и со стихови на автори од регионот и светот. Во последниот блок од програмата, предвиден е настап на Orange Groove, трип-хоп автор од Скопје.

На 50 страници во книгата се објавени 23 поеми со социјална и политичка содржина и предговор од авторот. Како што дознаваме од преговорот кон книгата, се работи за избор од стихови напишани во периодот од 2008 година до неодамна, но и една поема од времето на социјализмот. Авторот Џабир Дерала е дисидент и опозиционер уште од средношколските клупи во 80-години на минатиот век. Корицата ја илустрира Игор Стевковски, познат и по својот редовен стрип во неделникот „Фокус“.
Кратката биографска белешка на Џабир Дерала поместена во книгата е кратка: Роден 1967 година. Активист за човекови права, атеист, граѓанин на светот. Мултимедијален уметник, писател, поет, колумнист, сценарист, издавач, продуцент. Основач на Цивил – организација за човекови права и слободи. Пишува на македонски и англиски јазик.

Дел од стиховите објавени во најновата збирка на Џабир Дерала може да се прочитаат на неговиот блог Freedom Lyrics (Стихови на слободата).

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза