Стевановиќ: Во Македонија никогаш досега немало мајмунски сипаници, избегнувајте контакти со болни

Од:

Во Македонија никогаш досега не бил регистриран случај на мајмунски сипаници, заболување што потекнува од Централна и од Западна Африка, а последниве две недели бројката на заразени надвор од Африка се искачи на 237 регистрирани случаи. Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, вели дека, иако кај нас и сега нема регистриран случај, ја следат состојбата со мајмунските сипаници.

„Јас сум на Клиниката 25 години и во овој период не сме имале случај на мајмунски сипаници, а не постои податок и дека некогаш биле регистрирани. Ќе ни пренесеа професорите пред нас доколку некогаш регистрирале случај оти се работи за заболување што досега не се појавувало надвор од Африка. Јас сум во постојан контакт со колегите од светот, особено за мајмунските сипаници, и можам да кажам дека сега кај нив има поголема загриженост отколку претходно“, вели директорката Стевановиќ за „А1он“.

Таа потсети дека не е првпат мајмунските сипаници да бидат регистрирани надвор од границите на Африка.

„Ваков сличен бран на мајмунски сипаници имаше и во 2018 година, но прилично бргу помина. Заболувањето се пренесува преку близок контакт меѓу луѓето, преку контакт со животни или преку јадење термички недоволно обработена храна од животни. Карактеристично е за места на кои има поголема фреквенција на луѓе, а помала хигиена. Симптомите на болеста се главоболка, болки во мускулите, кивање, па затоа најдобра превентива е да се избегнува близок контакт со секакви болни. Најлошо кај мајмунските сипаници е што инкубацијата трае од 5 до 21 ден, а некогаш и повеќе. Тоа е период пред да се појават симптомите и исипот. Посебен лек за мајмунски сипаници нема, но има антивирусни лекови, кои дејствуваат и ние ги имаме. Доколку се појави случај и кај нас, лекувањето ќе биде симптоматско со намалување на тегобите што ги чувствува пациентот“, објасни директорката Стевановиќ.

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ќе расправа за ширењето на мајмунските сипаници и за потребата од воведување некакви мерки за заштита.

Министерството за здравство за заштита од мајмунските сипаници советува мерки што важат за сите инфективни заболувања, односно редовно одржување лична хигиена, миење раце, избегнување контакт со лица што имаат симптоми на заразно заболување, избегнување собири и слично.

Белгија е првата земја што воведе 21-дневен карантин за оние кај кои ќе биде потврдена заразата. Белгиските здравствени власти ја соопштија мерката во понеделникот.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти