Стевананџија: СДСМ лажно обвинува за изборни измами

Од:

Како што наближуваат изборите, така расте очајот на СДСМ, и се зголемува бројот на лаги со кои СДСМ сака да го покрие стравот од соочувањето со граѓаните и немањето поддршка за нивните деструктивни политики, обвини денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија.

– Даниела Рангелова од Брвеница, вчера ја сруши кулата од лаги кои ја градеше СДСМ. Нејзиниот грев беше дека се вика и презива исто како пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Доволно СДСМ да да фабрикува афера и лажно да обвини за изборни измами. Откако паднаа во вода евтините манипулации на СДСМ за фантомски гласачи, откако се потврди дека не постојат стотици илјади фантоми, СДСМ почна да го спори тоа што граѓаните во повеќе места, вклучувајќи ја и Брвеница немаат адреси, рече Стевананџија.

Според него, тоа се случува затоа што во повеќе населени места нема систем на улици, и сите кои живеат во овие места затоа се регистрирани на иста адреса која им е дадена од МВР.

– Мене ме обвинија дека на адресата на која што живеам се регистрирани 22 гласачи. Сакам да појаснам дека станува збор за станбена зграда стара 55 години со 2 влеза и 16 станови во кои живеат моите соседите. Манипулацијата на медиумите финансирани од Сорос и СДСМ е во тоа што ги вадат сите лица кои живеат на адреса ул. „Борис Кидриќ“ бр 16, но не кажуваат за колку станови станува збор. Ваквите лаги и манипулации на СДСМ, не минуваат. Сите соседи се згрозени од злоупотребите на СДСМ и јас сум убеден дека за ваквата деструктивна политика ќе добијат соодветен одговор на 5 јуни, рече Стевананџија.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема