Димитар Стевананџија, поранешен и иден пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп на својот ФБ профил напиша:
МАКЕДОНИЈА 51 : ALBANIJA :49 Македонецот сам против СИТЕ!!! НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ : БИДИ ГОРД!! Радувај се!!!!
Овој избраник на народот сите 436.469 граѓани кои гласаа за опозицијата, ги смести во Албанија, а неговата ВМРО-ДПМНЕ со освени 51 пратеник според прелиминарните, но не и конечни резултати, зависи токму од Албанците за да формира Влада.
Овој голем македонски патриот, без проблем го гласаше договореното меѓу Груевски и Ахмети за амнестија на „Хашките случаи“, а на јавноста и стана познат откако заспа во салата во Собрание каде што се држат седници на Комисиите.

