Стерјовски: Од Владата очекуваме повеќе инвестиции за натамошен развој на областите населени со Македонци

Од:

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, во обраќањето на денешната пленарна седница се задржа на парламентарните избори одржани на 25 април, на кои, како што рече, албанските граѓани дадоа доверба за трет мандат на Социјалистичката партија и премиерот Еди Рама.

Стерјовски истакна дека е природно што од старо-новата Влада очекуваат остварување на стремежот на албанските граѓани, а тоа е членството на земјата во ЕУ.

-Исто така очекуваме повеќе инвестиции за понатамошен развој на областите оставени на заборавот, како што се областа Преспа, Вербник, Голо Брде и Гора. Исто така, изразуваме подготвеност припадниците на македонското малцинство и другите малцинства да придонесат владините институции да дадат нов импулс за имплементација на нивните слободи и права, како и практична примена на законот за заштита на малцинствата, нагласи пратеникот.

Стерјовски искажа подготвеност и ветувања и како лидер на еднствената македонска партија во оваа земја.

-Како лидер на партијата, Македонска алијанса за европска интеграција, изразувам подготвеност и ветувам дека ќе придонесеме повеќе од кога било во интеграцијата на македонската заедница, зголемувањето на економското ниво на оваа заедница, вложувањата во области каде што живее и дека ќе бидеме суштински фактор во етничкиот соживот, за развиена и европска Албанија, посочи Стерјовски во денешното обраќање во Парламентот.

Од собраниската говорница тој се заблагодари на сите граѓани од регионот Корча кои го поддржаа и гласаа за него на овие парламентарни избори.

-Благодарност и до сите албански граѓани од македонска националност кои живеат и работат во Македонија и Грција, кои изразија желба на 25 април да дојдат и да гласаат за нашата кауза, но, за жал, им беше ускратено ова основно право поради одлуката на Комитетот на експерти со воведување двонеделен карантин за сите лица кои ќе влезат во Албанија од овие две држави, рече Стерјовски.

На последните парламентарни избори Стерјовски беше на кандидатската листа на Социјалистичката партија за округот (ИЕ) Корча, но не успеа да обезбеди пратеничко место.

Би можело да ве интересира

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Честитка од Ахмети до Албанија: Нема потреба да се споменува очајот што Северна Македонија денеска не е заедно со вас

Катерина Ѓуровски