Стејт департментот изрази надеж за успех на референдумот

Од:

Во пресрет на денешната посета на Вес Мичел, помошник-државен секретар за Европа и Евроазија на Македонија, американскиот Стејт департментот изрази надеж за успех на референдумот и повторно укажа на историската важност на Договорот од Преспа.

Во изјава за МИА портпарол на Стејт департментот посочи дека имплементацијата на Договорот со Грција ќе овозможи Македонија да стане членка на НАТО како Северна Македонија.

– Тоа ќе го олесни отварањето на преговорите за членство во ЕУ, од што корист ќе имаат двете земји а тоа е зацврсување на регионалната безбедност и поттикнување на развојот, се вели во соопштението до МИА.

Понатаму, од Стејт департментот уште еднаш повторија дека го поздравуваат историскиот Договор од Преспа и високо ја оценуваат покажаната визија, храброст и истрајност на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Во Скопје денеска доаѓа помешникот државен секретар за Европа и Евроазија, додека за викендот закажана е посета и на државниот секретар за одбрана Џејмс Матис. Двајцата високи американски гости доаѓаат за да изразат јасна поддршка за претстојниот референдум и за стапувањето на Македонија во НАТО.

Од Скопје, Мичел заминува во посета на Атина, а пред да допатува во Македонија беше во посета на Тбилиси, Грузија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Македонија меѓу земјите за кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Горан Наумовски

Стејт департментот им советува на Американците во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата

Стејт департментот издаде предупредување: Американците веднаш да ја напуштат Русија