Стејт департмент: Суверени одлуки на Црна Гора, С. Македонија и Бугарија

Од:

Во врска со одлуката на Црна Гора, Бугарија и Северна Македонија да не го дозволат прелетот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за Белград, Стејт департментот денеска соопшти дека тие како суверени држави „донесоа суверени одлуки за воздушниот простор, што ја одразува решеноста на Европа да ја повика Русија на одговорност поради инвазијата на Украина“.

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, на прес-конференција кажа дека САД ја повикуваат и Србија да се фокусира на својата цел за членство во ЕУ, вклучително и усогласување на нејзината надворешна и безбедносна политика со остатокот од Европа, јави Гласот на Америка.

-Постојано ја повикуваме Србија да преземе чекори за да напредува на европскиот пат, вклучително и диверзификација на изворите на енергија, намалување на енергетската зависност од Руската Федерација и усогласување на надворешната и безбедносната политика со ЕУ. Ние сè уште сакаме да бидеме партнер на Србија и да и помогнеме во нејзините напори за зајакнување на енергетската безбедност на долг рок, рече Прајс.

На прашањето како САД и НАТО ќе ги заштитат Црна Гора, Северна Македонија и Бугарија, кои го затворија воздушниот простор за авионот со кој Лавров требаше да патува во Србија од руските закани, Прајс кажа дека „сите три се членки на НАТО, а посветеноста на членот 5 во однос на сите три е обврзувачки“.

Би можело да ве интересира

Русија бара отштета од 230 милијарди долари од „Еуроклеар“

Катерина Ѓуровски

Руската економија со најголем пад во последните години, покажуваат бројките на Ројтерс

Зеленски за мировниот план: Ниту една страна нема да биде целосно задоволна

Триесет отсто од Русите веруваат во Дедо Мраз

„Форин полиси“: Европа е сама меѓу глобалните сили

Орбан: ЕУ планира да ја собори унгарската Влада