Стејт департмент: Скопје и Софија да го решат спорот надвор од пристапниот процес

Од:

САД ги повикуваат Софија и Скопје да ги решат постоечките билатерални спорови надвор од пристапниот процес за да се постигне заедничката цел – членство на Северна Македонија во ЕУ, изјавија од прес-службата на Стејт департментот.

Оттаму потсетуваат дека САД и Бугарија се силни поддржувачи на евроатлантската интеграција на Западен Балкан.

-Ја поздравуваме добрата волја за преговори. Ги повикуваме Бугарија и Северна Македонија да ги решат постоечките билатерални прашања надвор од пристапниот процес за да се постигне заедничката цел – членство на Северна Македонија во ЕУ, велат од Стејт департментот.

САД се прецизно јасни во својата желба да ја видат Северна Македонија, која моментално е кандидат за членство, како влегува во следната фаза на процесот, со одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината.

-Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет во целиот регион. Одлуката на ЕУ да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија во март беше позитивен чекор и беше во служба на лажниот наратив дека Трансатлантската заедница го остава зад себе Балканот, се вели во изјавата.

Од Стејт департментот истакнуваат дека секакви задршки во патот за пристапувањето на овие земји во ЕУ, го ризикува отворањето на прашањето за кредибилитетот на ЕУ во регионот.

Би можело да ве интересира

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите