А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Стејт департмент: МПЦ добива државни пари за цркви, ИВЗ за визи за аџилак

by А1он29/07/2014 - 11:03373
Share0

Уставот и законите на Република Македонија гарантираат слобода на вероисповеста и Владата генерално ги почитува верските права и слободи, пишува во извештајот на американскиот Стејт департмент објавен вчера.

Добивај вести на вибер

Извешајот се осврнува на почитувањето на верските слободи во светот и беше претставен од страна на државниот секретар Џон Кери.

Во извештајот е наведено дека дел од помалите верски заедници имаат забелешки упатени кон Македонската православна црква и Исламската верска заедница. За МПЦ, забелешката е дека е привилегирана во поглед на враќањето на имотот одземен во времето на комунизмот и добивањето средства за изградба на верски објекти.

За ИВЗ, забелешката е дека добила државна помош за да ги одобрува апликациите за визите потребни за одење на аџилак во Саудиска Арабија, за кои наплаќала по 400 евра.

Во извештајот е забележано дека Јован Вранишковски, основачот на Православната охридска архиепископија, црква непризната во Македонија, но призната од страна на Српската православна црква, во август годинава заедно со неколкумина следбеници бил осуден поради перење пари. Во февруари, пак, Врховниот суд ја потврди пресудата за Вранишковски за проневера.

Во извештајот за Србија, пак, е забележано дека државата одбива да ги признае Македонската и Црногорската православна црква. Извештајот на Стејт департментот цитира информација од извор од српското Министерство за религии, кој вели дека не сакаат да ги признаат македонската и црногорската црква затоа што „ќе се вмешале во внатрешна шизма“ на српската црква.

Во извештајот на Стејт департментот е забележан и спорот на Бектешката заедница на Македонија против Исламската верска заедница, околу Арабати Баба Теќе во Тетово. Во извештајот се оценува дека тоа што Бектешката заедница се уште нема признат статус во Македонија ја оневозможува во водењето на спорот за Теќето во Тетово.

При претставувањето на глобалниот извештај за верските слободи, државниот секретар на САД Џон Кери истакна дека 75 проценти од населението во светот живеат во држави кои не го почитуваат правото на слободна вероисповед. Кери ги посочи Кина, Иран, Бурма, Северна Кореја и Туркменистан како земји во кои се забрануваат верските слободи.

Кери посочи и на нападите на муслиманската вооружена група ИДИЛ врз христијанската заедница во ирачкиот град Мосул, бруталното насилство на нигериската муслиманска група Боко Харам врз христијаните во оваа земја, и убиствата на 500 шиити и 80 христијани во Пакистан.

ivzmpc

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Горан Наумовски31/05/2025 - 13:53

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Предраг Петровиќ20/05/2025 - 21:47

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ09/05/2025 - 18:0709/05/2025 - 18:11

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

Предраг Петровиќ20/04/2025 - 08:13

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Катерина Ѓуровски20/03/2025 - 09:42

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Катерина Ѓуровски12/12/2024 - 14:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен