Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Од:

„Скандалозно и несериозно е тоа што Министерството за труд и социјална политика, преку соопштение до медиумите не извести дека ни ги одзема надлежностите за детската градинка Детска радост во Автокоманда“, вели градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

„Ваквата постапка е уште еден јасен доказ дека Министерството за труд и социјална политика води политички, а не законски постапки.

До овој момент во општина Гази Баба не е пристигнат документ со кој ни се одземаат надлежностите, а Министерството во соопштение до јавноста во петтиот пасус вели: “Одземените надлежности на градоначалникот се реазултат на прекршување на законот од страна на управниот одбор на ЈОУГД Детска радост – Гази Баба и на прекршување на законот од страна на градоначалникот Бобан Стефковски, при водење на постапка за разрешување на директор”.

Самото водење на постапката со сила, говори за политичките притисоци кои изминатите две недели ги имаат вработените во Министерството за труд и социјална политика. А факт дека ова што го говорам е вистина е укажувањето кое го испрати Министерството до општина Гази Баба на кое инспекторката која ја водеше целата постапка не е потпишана, туку на истото стои само нејзиното име и презиме, што не е својствено за водењето на постапки од ваков тип.

Откако не им успеа притисокот кој го правеа врз мене за да ја поништам одлуката за разрешување и да ја вратам на работа разрешената директорка, тргнаа низ насилна постапка да ги одземаат надлежностите.

Компромис со незаконското работење нема да правам, а на Министерката Јованка Тренчевска и порачувам дека за сите незаконски постапки и донесени решенија ќе има ревизија, а потоа и одговорност пред надлежните органи во Република Македонија!

Се надевам дека Министерството за труд и социјала политика ќе се приклучи на постапките кои општина Гази Баба ги иницираше до Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција за утврдените прекршувања на Законот со извршената ревизија“, додава градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Би можело да ве интересира

Гази Баба ќе субвенционира стерилизација на домашни миленици

Стефковски: Лага е дека советничката која ја напушти Левица е предмет на политички пазар

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Димитријевиќ: Стефковски троши 650.000 евра народни пари за партиски вработувања во Општина Гази Баба