Стефковски: СДСМ е загубена во просторот и во времето

Од:

„Политичката партија СДСМ е загубена во просторот и во времето. Прекинот со снабдувањето на електрична енергија на ООУ Стив Наумов во Автокоманда е поради дислокација на нисконапонски кабли за што компанијата ЕВН Македонија има објавено јавно соопштение во медиумите. И не само ООУ Стив Наумов, туку и домаќинствата во дел од Автокоманда немаат електрична енергија во моментот“, се вели во демантот на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на соопштението на СДСМ.

„Лагите и манипулациите на СДСМ немаат крај. Градоначалникот на општина Гази Баба нема никаква поврзаност со прекинот на електричната енергија.

Времето на СДСМ во општина Гази Баба заврши. СДСМ да ја прифати реалноста дека и покрај сите опструкции од институциите на централната власт во општина Гази Баба се реализираат проекти и тоа ќе продолжи така и во иднина.

Очекуваме СДСМ следните денови да го обвини градоначалникот Стефковски и за честите временски промени“, се додава во демантот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски