Стефанова побара условни казни за Протуѓер и Јанкулоска во „Титаник”, но не и за Јанакиески

Од:

Обвинителката Лиле Стефанова е задоволна што осум обвинети во „Титаник” признаа вина. Таа пред судијата Осман Шабани посочи и дека шест од обвинетите требa да добијат условни казни, бидејќи имаат низа олеснителни околности. Само за обвинетите Миле Јанакиески и Коста Митровски беше побарано ублажување, но не и условување на казната.

„Денес дел од обвинетите, дадоа доброволно и јасно признание. Како јавен обвинител го ценам чинот кој го преземаа денес и дадоа пред судот признание за кривичните дела за кои се гонеа. Признанието е само по себе голема олеснителна околност за обвинетите. Кога судот ќе ја утврдува казната по вид и висина, признанието да го цени како особена олеснителна околност. Секој од обвинетите има свои олеснителни и отежителни околности кои судот треба да ги цени кога ќе ја носи пресудата за казната”, кажа Стефанова.

За Мартин Протуѓер, покрај даденото признание на вина кое е олеснителна околност, Стефанова бара судот да го цени фактот дека има три деца, дека е невработен, дека има медицинска документација со која покажува влошена здравствена состојба, како за него, така и за членови на семејството.

„Отежителните околности се начинот на кој се преземени дејствијата, долготрајноста на дејствијата во рамките на групата, но сметам дека, кај ова лице има повеќе олеснителни од отежителни околности, кои судот треба да ги земе во предвид”, рече Стефанова, барајќи условна казна.

За Јанакиески, обвинителката рече: „Тој даде признание на вина во значаен момент од оваа постапка и оваа околност судот особено да ја цени при одредување на казните. Кај него како отежителна околност судот да го земе во предвид фактот што при преземањето на кривичните дела дејствувал од позиција на министер за транспорт и врски, долготрајноста на дејствијата и тежината на кривичните дела“.

Според Стефанова има низа на олеснителни околности, покрај признанието: „Семејната состојба, неговата здравствена состојба, но и здравјето на членовите на семејството, фактот што не е вработен и што во тек на целата постапка постојано беше присутен и не ја одолговлекуваше“.

За Гордана Јанкулоска која призна вина, Стефанова побара исто така условна казна.

„Како отежителна околност за обвинетата треба да се цени тоа што таа ги презела дејствијата за извршување како министер за внатрешни работи, но постојат низа олеснителни околности во поглед на здравствената состојба. За Јанкулоска сметам дека судот треба да ги примени законските одредби за ублажување и условување на казната“.

Стефанова рече дека изјавата на Бришковска пред судот е особено впечатлива и од неа судиите можат да се уверат дека е постигната целта за специјалната превенција.

„Нејзиното признание ја забрза и заврши постапката, покрај другите олеснителни околности“, рече Стефанова.

За остантите, збирно, Стефанова рече дека треба да има ублажување и условување на нивната казна.

За Коста Митровски, посочи само дека многу е значајно што бил свесен дека ќе има казна, но сепак признал вина, иако е со малолетни деца.

За Мунир Пепиќ, Катерина Веловска, Коста Митровски и Киро Тодороовски, Стефанова рече дека имаат отежителни околности односно рече: „дејствувале во рамки на групи, имале државни функции“.

Обвинетите кои признаа вина, јавно кажаа дека тоа го направиле без да се присилени од никого, како и дека не биле доведени во заблуда.

„Обвинетите не се доведени во заблуда од никого не се присилени, свесни се зс последиците”, рече судијата Османи.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески