Стефан Миноски е нов претседател на Либерално-демократската Младина

Од:

Стефан Миноски е новиот претседател на Либерално-демократската младина, избран едногласно на последното Изборно собрание. Миноски досега ја извршуваше функцијата генерален секретар на подмладокот во два мандати и доаѓа на местото на Бобан Јанкоски.

Новиот претседател на младите либерал-демократи се заложи за зацврстување на улогата на младите, како во рамките на партијата, така и во самото општество, а вети и зајакнување и омасовување на ЛиДеМ.

„Ние младите, можеме најмногу да придонесеме да го промениме ова што ни се случува, тоа го докажаа студентите. Ние што размислуваме со сопствените глави и што горко ја чувствуваме суровата реалност, не ги купуваме ефтините приказни на еден началник Латас, правејќи ја Македонија налик на Шведска. Се смееме на изјавите на нашиот претседател Иванов, кога вели дека младите остануваат поради нашата економија“, рече Миноски.

На Собранието зборуваше и претседателот на ЛДП, Горан Милевски, кој упати силни критики кон актуелната политичка состојба во државата, ставајќи акцент на масовното иселување на младите .

„Убеден сум дека младите ќе го имаат решавачкиот збор во процесот на промена на власта во државата. Младите ќе ја казнат неодговорната политика на Владата, која е единствениот виновник што денес младите перспективата ја бараат надвор од границите на Македонија“, појасни претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

Собранието го избра и новиот Централен и Надзорен одбор на подмладокот, а за нов генерален секретар на ЛиДеМ е поставен Стефан Спасиќ.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он