Ставриќ до Тодоров: Не се обидувајте со контрапротести, со сила, со закани, нема да не скршите

Од:

Оставка на министерот за здравство, Никола Тодоров и под итно власта да престане со примената на сите недемократски средства за да се скрши штрајкот. Ова го побаара лекарите и здравствените работници на протестот пред Владата.

„Нема да успеете да ги урнете ѕидот меѓу нас и пацинтите, се обидувате со закани, со писма, со контрапротести, со сила, со лаги во вашите медиуми, ама нема да успеете“, му порачаа лекарите на министерот.

Дејан Ставриќ од штрајкувачкиот одбор рече дека министерот го игнорира штрајкот и со тоа е одговорен за животот на пацинетите.

„Министерот кој си дозволува да го ризикува животот на граѓаните, во исто време иститот ни се закануваше јавно, го злоупотреби судот, државниот санитарен инспекторат, ги натера на скандалозни политички одлуки се со цел да се скрши овој штрајк, ги злоупотреби директорите, ставајќи во функција на присила врз врабоените, злоупотреби и дел од медиумите кои се користат за лажење на јавноста. Но заборави да им каже дека самите ќе одговараат за секој легитимен акт“, рече Ставриќ.

„Нам ни е јасно кој и каков човек е, и не сакаме да говориме со него. Премиерот се врати од САД, да го потсетиме просечната плата на лекар специјалист во Македонија е како 30 минутна консултација со тие што се сретна во САД. Сите амбасади не примија за 24 часа, само министерот не не прими 24 дена. Нека се знае кој е одговорен за ситуацијава“, рече Ставриќ.

Тој порача дека нема да набљудуваат само како се суспендира демократијата со феудално управување од позиција на сила, без почитување на законите.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот