Ставревски „на тапет“ пред пратениците

Од:

„Лоша економска политика, нереалните буџетски проекции, презадолжувањето на државата, но и огромните државни долгови кон стопанството“, ова се критиките на опозицијата за министерот за финансии,Зоран Ставревски, и бараат негово заминување од министерската фотелја.

Ставревски, по втор пат, утре е на тапет пред Законодавниот дом. Му забележуваат дека ребалансот на Буџетот се случи четири месеци по усвојувањето на Буџетот, и е доволен доказ да се види дека Ставревски дали од незнаење или од тврдоглавост на Собранието му наметна нереален, неостварлив буџет кој предизвика тешки последици на макроекономската политика на земјата.

Во образложението на интерпелацијата, е набележано и задолжувањето на земјата со кредит од 250 милиони евра од Дојче банка со камата од над 6 проценти, пари кои ќе треба да ги враќаат граѓаните , а се трошат на непродуктивни, бескорисни, а често и криминогени проекти.

Обвинија дека Ставревски има директна и политичка одговорност за состојбите што ги покажа акцијата „Детонатор“, односно дека во земјава илегално биле внесени околу илјада покер апарати.

Интерпелацијата пред еден месец ја најави лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, а одговорот и ставот на ВМРО-ДПМНЕ го соопшти Антонио Милошоски.

Појасни дека ребалансот се прави поради влошување на економската состојба во ЕУ и влијанието на овие состојби врз нас. Вакви ребаланси се прават во скоро сите eвропски земји и тоа во сличен временски интервал.

И потсети дека кога СДСМ биле на власт правеле ребаланси, но, не се соочувале со никакви проблеми затоа што немале проекти, а немале проекти затоа што немале програма.

Дури и во вакви услови, Р.Мaкедонија има шести највисок раст во Европа за минатата година, а според ММФ годинава ќе имаме највисок раст во регионот,обајснуваше Милошоски.

Милошоски го повика Црвенковски на тв-дебата со Ставревски за да дискутираат за буџетот и економијата.

Опозицискиот лидер би ја прифатил ракавицата што му ја фрли ВМРО-ДПМНЕ, но само ако актуелниот министер за финансии и член на Извршниот комитет на владејачката партија се подготвувал да го замени Никола Груевски на лидерската позиција во партијата.

Седницата за интерпелација, според Деловникот трае еден ден, се гласа најдоцна до 24,00 часот. За заминување на Ставревски се потребни 62 пратенички гласа, што е извесно дека нема да се случи ,поради договорот во коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ.

Би можело да ве интересира

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски