А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ставрески: Ќе се зголемат износите на кредитите за самовработување

by А1он19/04/2014 - 13:54101
Share0

Носителот на изборната листа во четврата Изборна единица на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески при денесшните средби со граѓаните на Струмца најави дека ќе се зголемат износите на кредитите за самовработување.

Следете a1on на Instagram Instagram

– ВМРО-ДПМНЕ постојано ги охрабрува младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис да го направат тоа, при што им помагаме во тој процес, бидејќи не е доволно само да се има добра идеја, туку се потребни и финасиски средства и поддршка, изјави Ставрески.

Во изминатиот период, посочи, се обезбеди поддршка од по 3.000 евра за започнување на сопствен бизнис во вид на грант или, пак, 5.000 евра преку кредити за самовработување.

– Во следниот период кредитите за самовработување ќе бидат зголемени за сите лица кои имаат до 29 години и сакаат да започнат сопствен бизнис на 7.000 евра по лице за тој што го почнува бизнисот, а ако вработи дополнително до четири лица за сите четири лица ќе добие по 4.000 евра или вкупно 23.000 евра за фирма која ќе ја основа лице со четири вработени, појасни Ставрески.

Следете a1on на Youtube YouTube

Овие мерки, нагласи, и мерките за ослободување на фирмите од плаќање на придонеси за вработување на лице до 29 години значително ќе придонесат за намалување на бројот на невработени млади лица во Македонија.

dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 12:36

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео