Стартува Проектот за интегрално управување со природното и културното наследство на регионот на Охридското Езеро

Од:

Во албанскиот град Поградец од задутре стартува имплементацијата на Проектот за интегрално управување со природното и културното наследство на регионот на Охридското Езеро, финанасиран од ЕУ и УНЕСКО.

Според предвидениот протокол, имплементацијата ќе почне со работилница во Поградец, на која од македонска страна ќе учествуваат преставници на Министерствата за животна средина и просторно планирање и за култура, на „Завод и музеј – Охрид“ и на општините Охрид, Струга и Дебрца.

Самиот проект е осмислен и дизајниран да ги посочи главните критични точки околу заштитата на природното и културното наследство во регионот. Исто така, да ја зајакне прекуграничната соработка во односната област, да ги зајкне капацитeтите за заедничко управување и да поддржи интегрирано управување и прекугранична секторска соработка. Конечната цел е и албанската страна од Охридското Езеро да биде ставена под заштита на УНЕСКО.

Проектот е планирано да трае 36 месеци, да чини 1,7 милиони евра и да се спроведе под координација на ЕУ-УНЕСКО а преку Министерствата за животна средина и за култура на Македонија и Албанија.

Во осмислувањето на проектот активно партиципираше Билатералниот секретаријат за Охридското Езеро, телото што ќе биде токму задолжено и за координацијата и негова имплементација.

Македонскиот претставник во Билатералниот секретаријат, Дејан Пановски, укажа на исклучителната важност на проектот, од кој се очекува значајно да придонесе за заштита, правилно управување и валоризација на културните вредности и историското наследство во регионот на Охридското Езеро.

– Самиот проект е исклучително важен и со него се очекува да се излезе со ревидирана инвентаризација на наследството во регионот, со стратегија за развивање на софт-туризам базиран на културните и природните вредности, но и да се интервенира со пилот-мерки во односот кон отпадот. Ако на крај се успее и албанската страна на Езерото да добие статус и обврски кон УНЕСКО, што е главната цел и во што не се сомневам, тогаш сме создале реални услови за долгорочна интегрална заштита на вредностите, изјави Пановски.

Тој оцени дека проектот е силно конципиран кон интегралноста на мерките и се случува временски во еден исклучително важен момент за Езерото и за заштитата на природно и културно наследство околу него.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога