Од денеска до петок во Скопје ќе се одржува „Startup Europe Week“ на иницијатива на „DigitalAgendaEU“ со поддршка на Европската комисија.
Станува збор за настан кој ќе трае цела недела и во кој локални претприемачи и засегнати страни во повеќе од 40 европски држави и 200 градови во Европа ќе се вмрежат и ќе дискутираат за можностите за старт-ап, како и за тоа како Европската унија може успешно да влијае на претприемачите од овој регион.