Старнавски повторно ќе нурка во пештерата Врело на Матка

Од:

Светски познатиот спелеолошки нуркач Кшиштоф Старнавски од Полска, заедно со тимот од домашни нуркачи од нуркачкиот клуб Акватек и спелео-нуркачкиот клуб Врело од Скопје, ќе се обиде да го сруши минатогодишниот рекорд во длабочина во пештерата Врело на Матка.

Минатата година Старнавски го сруши рекордот на италијанскиот нуркач Луиџи Казати и успеа да се спушти до 230 метри длабочина во пештерата.

Годинава ќе се обиде да го сруши и овој рекорд со што Матка Врело би можела да стане најдлабоката пештера во светот, што е истражена од човек.

Се очекува експедицијата да донесе и информации за неоткриени делови и доколку ги има, информација за нови краци од основната патека на пештерата.

Старнавски и неговиот тим, длабоките нуркања ќе ги направат овој викенд, откако претходно заедно со домашната експедиција на нуркачи ќе ги направи последните подготовки.

Би можело да ве интересира

Надојдената река Треска однесе двајца малолетни и еден тинејџер, тројцата се навреме спасени

Горан Наумовски

Спасен Романец кај Матака, извлечени тројца планинари од планината Бистрица

Пронајдени се изгубените туристки во реонот на Водно-Матка

Горан Наумовски

Турски туристи спасени кај Кањонот Матка

Спасени туристи од Хонг Конг кои се загубиле на Матка

Изгоре кампер-возило на полски туристи на Матка

Жарко Настоски