Осумдесет и седумгодишната Благуња Китановска од прилепското село Крушеани, паднала во бунар и починала.
Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 20 часот во семејниот двор. Телото на жената било извадено од бунарот и му било предадено на семејството за погреб.