Стар Дојран без вода поради дефект на главната водоводна мрежа

Од:

Од КП Комуналец -Полин од Стар Дојран соопштија дека од утрово во прекин е водоснабдувањето во Стар Дојран поради дефект на главната водоводна мрежа која го снабдува со вода за пиење целото подрачје на ова населено место.

Комуналците велат дека дефектот е предизвикан од преоптовареност на водоводната мрежа и поради зголемената потрошувачка на вода од се поголемиот број туристи кои престојуваат во ова подрачје.

Екипите се ангажирани на терен и ветуваат дека водоснабдувањето  ќе се стабилизира во попладневните часови  или најдоцна до крајот на денот.

Деновиве состојбата со водосанбдувањето во овој дел на општината е нестабилна,  но од Комуналното претпријатие велат дека екипите се постојано на терен  и работат на санирање на проблемите  за да им овозможат пријатен престој на сите туристи кои летуваат на дојранското крајбрежје.

Би можело да ве интересира

Дојран ќе добие наколна населба со четири објекти и музеј за артефакти

На „Дојран“ и „Табановце“ чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека

Горан Наумовски

На граничните премини Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути

На „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ се 30 минути

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање на излезите за Грција и на влез од Србија

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински