Стапи во сила новиот Закон за правосудниот испит

Од:

Со новиот Закон за правосудниот испит што почна да се применува од 1 јануари годинава се уредуваат условите и постапката за полагање на правосудниот испит.

Со новините, меѓу другото, се укинува електронскиот начин на полагање на испитот и се воведува писмено и усно полагање пред стручна комисија, врз основа на објективни мерила и критериуми за процена на знаењата на кандидатите.

Испитот се полага пред комисија составена од претседател и шест члена и нивни заменици именувани од министерот за правда од редот на професорите по право од акредитираните правни факултети во државата, судиите, јавните обвинители и адвокати, со решение со кое се определени предметите по кои тие испитуваат.

Испитот се полага заради проверка на стручната оспособеност на лицата кои имаат завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/1, како и лицата кои студирале правни студии според Болоњската декларација и имаат 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) за самостојна примена на прописите во практиката и вршење на правни работи за кои со закон е предвиден тој услов.

Дипломираните правници на кои им е потребна пракса за стручно оспособување и за стекнување на услови за полагање на испитот истите можат да ја стекнат во судовите, јавните обвинителства, адвокатите, нотарите, извршителите, Државното правобранителство на Република Северна Македонија и Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

Новото законско решение предвидува испитот да можат да го полагаат дипломирани правници кои работеле најмалку една година на правни работи во суд, јавно обвинителство, Државно правобранителство на Република Северна Македонија, кај Народен правобранител на Република Северна Македонија, адвокат, нотар или извршител.

Исто така испитот можат да го полагаат и дипломирани правници кои работеле најмалку две години на правни работи во други државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа, трговски друштва и други правни лица.

Новото законско решение предвидува времето поминато на практика заради стручно оспособување во суд, јавно обвинителство, Државно правобранителство на Република Северна Македонија, кај Народен правобранител на Република Северна Македонија, адвокат, нотар или извршител, во согласност со закон, да се смета како време поминато на работа во тие органи.

Донесувањето на Закон за правосуден испит произлезе од потребата за реформа на судството, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратегиската цел на Република Северна Македонија за членство во ЕУ и НАТО и потребата за остварување на преземените обврски за спроведување на ефикасни и континуирани реформи во судството базирани на европските стандарди.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Правосудството во 2023 – од одложена, до застарена правда

Горан Наумовски

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства