Стано: Филе порача дека не се откажуваме од Македонија и оти е време за компромис

Од:

 Европската комисија и првиот човек за проширување на Европската унија, Штефан Филе, денеска ја повторија вчерашната порака дека е време македонските политичари да ги стават граѓаните на прво место и дека е време за компромис.

Ова денеска во изјава за дописникот на МИА од Брисел го повтори портпаролот на Филе, Петер Стано.

– Се што ЕУ и партнерите сакаа да кажат и да им пренесат на своите македонски партнери е изразено во синоќешното заедничко соопштение. А, како дополнение, комесарот Филе се изрази јасно во писмото минатата недела и во синоќешниот “твит“, а тоа е да испрати, потенцирам, “силна порака за политичарите во Македонија“ дека е време за компромис и да се стават граѓаните на прво место. Tој порано посочи дека решение на кризата треба да се најде во Скопје, дециден е гласноговрникот на Комисијата.

На прашањето дали може да се очекува деновиве и Филе да дојде во Скопје и да направи притисок врз партиите да најдат решение, како што тоа утре ќе го стори известувачот од Европскиот парламент, Ричард Ховит, портпаролот Стано со одговор:

– Како што комесарот Филе рече претходно, тој е подготвен да отпатува во Македонија оти ние не се откажуваме од оваа земја и од нејзиниот народ. Тој ќе отиде таму во соодветно време кога неговата посета ќе биде организирана и ќе се случи кога ќе има погодни услови за тоа, потенцира Стано.

Попладнево, во зградата “Берлемонт“ на Европската комисија, комесарот Филе ќе се сретне со новиот министер за евроинтеграции на Македонија Фатмир Бесими, а по средбата е најавена изјава на Бесими и соопштение од канцеларијата на еврокомесарот за проширување на Унијата.

Би можело да ве интересира

Орбан: Успеавме да ја спречиме ЕУ да ѝ објави војна на Русија

ЕУ со најголема побарувачка за кадар во продажба, маркетинг и производство

Европската Унија постави услов за деблокирање на руските средства

ЕУ минатата година потроши 25,2 отсто од својата енергија од обновливи извори

ЕУ конечно постигна договор за Украина – сепак Унгарија, Чешка и Словачка нема да учествуваат во аранжманот

Горан Наумовски

САД и европските сојузници подготвуваат безбедносни гаранции за мир во Украина