Стано: ЕК очекува да се исполнат сите точки од договорот од 1 март

Од:

Европската комисија очекува да бидат исполнети сите точки од договорот од 1 март, со кој беше разрешена политичката криза во Република Македонија, па и во однос на можноста за одржување на предвремени парламентарни избори во нашата земја. Ова во изјава за дописникот на МИА од Брисел, денеска го потврди Петер Стано портпарол на комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе.

Прашан да го коментира одбивањето на опозициската СДСМ есенва да се одржат предвремени избори, што го понуди премиерот Никола Груевски, а беше нивно цврсто барање и се најде во договорот што го посредуваше и Филе, заедно со европратениците Ричард Ховит и Јержи Бузек, гласноговорникот на првиот човек за проширување на Унијата со одговор: „ Договорот од 1 март, каде посредуваше и Европската комисија заедно со Европскиот парламент е важен и ние очекуваме истиот да се имплементира во однос на сите точки. Ние потсетуваме дека е важно сите и Владата и опозицијата да осигураат сите точки од овој договор да бидат имплементирани што е можно побрзо, конкретен е Стано.

Портпаролот на Филе исто така ја повтори вчерашната изјава на еврокомесарот за резултататот од работата на Комисијата за истраги на собраниските настани, потенцирајќи дека ЕК е јасна и ги очекува следните акции и имплементацијата на заклучоците и препораките од овој извештај.

Би можело да ве интересира

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот