Станo: ЕК не планира да земе страна во споровите Бугарија-Македонија

Од:

„Европската комисија не планира да зема страна во споровите меѓу Бугарија и Македонија за културно-историското наследство и сака тие да бидат решени по пат на двостран дијалог“, изјавил за Бугарското Национално радио, Петер Стано, портпаролот на Штефан Филе, коментирајќи ги односите меѓу Софија и Скопје , а посебно премиерата на филмот “Трето полувреме“.

„Ние нема да коментираме чувства или интерпретации на која и да е од страната. Ако тој филм поставува прашања, ако се однесува на чувствителни теми, ако создава проблеми во односите меѓу двете земји, тогаш од нив зависи да разговараат за нив и да ги надминат. Во случајот зборуваме за филм што говори за настани од Втората светска војна, препорачливо е и историчарите да спроведат длабока дебата за него. Не е работа на ЕК да суди или да кажува чии интерпретации се точни, а чии се погрешни. Ако филмот биде оценет од литертурната критика, од експерите и историчарите како проблематичен, ако создава проблеми меѓу Бугарија и Македонија, првото кое треба да се направи, е двете страни заедно да побараат решение“, вели Стано.

Ако правната експертиза докаже дека филмот е проблематичен засегнатата страна може да преземе соодветни правни мерки и тогаш ЕК ќе влезе во услога на чувар на европските договори.

Еврокомесарот вчера во изјава за Радио Слободна Европа истакна дека добрососедските односи на една земја кандидат за членство во ЕУ се од особена важност.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија