Стамов: Бесплатни плацеви за млади во Општина Дојран

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Дојран од ВМРО-ДПМНЕ Борче Стамов промовираше нов проект за младите.

Проект кој ќе обезбедува нови и евтини домови, домови за младите луѓе, домови во кои ќе растат среќни семејства. Дојран изминативе години се развиваше со мошне забрзано темпо. Плацевите кои се продаваа најчесто достигнуваа износ кој за младите беше или тежок или речиси невоможен да го платат.

Во новата програма предвидуваме доделување на бесплатни плацеви за сите луѓе од Општина Дојран, сите млади луѓе ќе имаат можност да изградат свој сопствен дом. Планираме парцелизација на градежно државно земјиште на околу 300 метри квадрати, со што младите ќе аплицираат и ќе добијат бесплатен плац.

Во рамки на проектот предвидено е тие да бидат ослободени од комуналии за градба, а како поддршка од Општината ќе бидат изработени три типски проекти на куќи, вели Стамов.

Тој посочува дека на овој начин Општината им дава поддршка на младите, да работат и да основаат семејство во Дојран.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори