Стаменковска: Владата и Министерството за правда да го донесат правилникот за хемиска кастрација

Од:

Институциите со денови молчат за релативизирањето на педофилијата од страна на учесникот во Шарената револуција Никола Шиндре и квази експертите блиски до СДС, изјава денеска Невенка Стаменковска, од ВМРО-ДПМНЕ.

– Поминаа денови од нашиот повик за носење на Правилник за формата, содржината и начинот на водење на евиденција за осудено лице на кое му е изречена мерка медицинско фармаколошко лекување, во јавноста познат како Правилник за хемиска кастрација. Владата на Зоран Заев и министерството за правда имаат обврска да го донесат Правилникот за хемиска кастрација што побрзо пред работите да излезат од контрола со ваквата осмислена релативизација на ова кривично дело, изјави Стаменковска.

Повторно, продолжи таа, повикуваме министерството за правда во итна постапка да го донесе овој правилник.

– Министерството за Правда не смее да го одложува донесувањето на овој Правилник. За овој правилник постои широка општествена поддршка, од граѓани, организации и експерти. Оттука нема никаква пречка за негово носење. Со овој Правилник се предвидува сторителите на кривичното дело педофилија по втор пат да бидат санкционирани со хемиска кастрација. Оваа мерка е превентивна за да се спречи во неколку наврати некој да го повтори делото, изјави Стаменковска.

Посочи дека доколку институциите, Владата на Зоран Заев и министерството за правда не одговори на овој, не само партиски, туку општествен повик, тие ќе бидат виновни за последиците кои произлегуваат од нивното неодговорно и несовесно однесување.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања