Стаменкова: Македонска Каменица ќе биде место каде се негуваат демократски вредности

Од:

Мојата цел е да ја направиме Македонска Каменица подобро место за живеење, посакувам нашата општина економски да се развива, демократски да созрева и да претставува место каде се негуваат вистински вредности, истакна на прес-конференција попладнево, кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица од СДСМ, Соња Стаменкова.

– Целиот живот, додаде, сум меѓу моите сограѓани, а посакувам и нашите деца да ја гледаат својата иднина тука. – За мене да се биде градоначалник е привилегија, но и огромна обврска. Обврска дека само граѓаните и никој друг ќе бидат во фокусот на моето внимание. Во една од најбогатите општини во државата, живееме просечно а можеме многу подобро, истакна Стаменкова.

Таа потенцираше дел од проектите предвидени во програмата.

– Вашиот глас даден за нас значи слобода, единство, чиста вода за пиење, враќање и задржување на младите во Македонска Каменица, подобро платени работни места, отворање бизнис центар, развој на спортот, развој на индустриска зона, отворена и услужна општина за сите, рече Стаменкова, апелирајќи на масовна излезност на изборите и поддршка на нејзината кандидатура и советничката листа.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците