Стаменковска: Константно лажење и криминал е начинот на работа на Зоран Заев

Од:

Зоран Заев мора да одговора за сторениот криминал и за тоа што го лажел судот, народот и јавноста за да избегне судско рочиште за случајот „поткуп“, порача повторно на денешната прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа притоа се осврна на релациите помеѓу лидерот на опозициската СДСМ и Стојан Витанов, човекот со кој тој се сретнал за да го избегне рочиштето, а кој не е вработен во италијанската амбасада, туку е, рече, ангажиран како коресподент без финансиски надоместок .
– Стојан Витанов е близок пријател на Зоран Заев кој е во секојдневна комуникација со него и со кој до сега се сретнал илјадници пати. Но, она што ја интересира јавноста и граѓаните е каква е релацијата на Зоран Заев и Стојан Витанов? Стојан Витанов е еден од основачите на Младинскиот совет во Струмица. Од 14 март 2008 година е овластено лице на Младинскиот совет, а од 21 април 2011 година е Управител на Младинскиот совет на општина Струмица. Да потсетиме дека Младинскиот совет е регистриран лично од Заев и тоа е оној ист Младински совет преку кој кланот Заеви заработи над милион евра под сомнителни трансфери од општински пари, рече Стаменковска.

Според неа, за одбегнување на одговорноста пред законот Заев бил охрабрен од аболицијата од Црвенковски за, како што посочи, криминалот од 8 милиони евра за Глобал и затоа, вели, Заев продолжува да лаже.

– Заев може да бега, ама не може да побегне на правдата. Уште еднаш порачуваме, институциите на системот да се одважат и Зоран Заев да ги сноси последиците за неговите криминални дејанија и за неговото лажење. Да се одважат судовите и повеќе да не толерираат притисоци за реизбор на судии кои не се по мерка на Заев и веднаш да ги санкционираат неговите лаги, рече Стаменковска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски