Стабилна состојбата со поплавените подрачја во Битолско

Од:

Состојбата во поплавените подрачја во битолскиот дел на Пелагонија и посебно во атарот на општината Могила е стабилна и не се очекува ескалација на проблемите кои ги предизвикуваат надојдените води на реките Црна и Шемница.

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска изврши посета и увид на поплавените подрачја. Тој се сретна со градоначалниците на општините Битола, Новаци и Могила, Владимир Талески, Лазар Котевски и Стево Пивковски.

– Ја разгледавме состојбата од излевањето на реката Црна и комплетната состојба поврзана со евентуални штети предизвикани од претходните поплави. Воедно ги информирав градоначалниците на трите општини дека во тек е завршната фаза од проценката што ја правевме со експерти од Светска банка, а што ја обезбеди Владата како можност за создавање добра основа за обезбедување на средства за обесштетување на сите граѓани и не само од битолскиот регион, за сите настанати штети по земјоделските посеви, по објектите, домовите, локалната инфраструктура, како и друга инфраструктура погодена од овие штети, рече Костадиновски.

Пробивањето на коритото на реката Црна во прилепскиот дел кај селата Тополчани и Тројкрсти и кај Новоселани и Лознани, излеаните води од пробиеното корито на десната страна, посочи тој, го прелеаја патот што ги поврзува Могила и Долно Чарлија.

– Од таа страна постои можност да надојдат води од 9-иот канал кој во моментов е добро саниран и важно е дека не постои опасност од негово прелевање и надоаѓање на водите кон општина Новаци, што значи дека не постојат потенцијални ризици за населението ниту за објектите во општината. Со подобрувањето на временските услови механизацијата на Дирекцијата за заштита и спасување ќе продолжи со комплетно санирање на оштетените места на коритото на реката Црна. Генерално состојбата е стабилна и не очекуваме поголеми потреси, проблеми кај земјоделците, објектите или домовите на граѓаните во овој регион, рече Костадиновски.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он