ССНМ: Телма да ја повлече забраната за новинарите

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници побара од одговорниот уредник Атанас Кировски да ја повлече наредбата за забрана на изразување мислења и ставови на социјалните мрежи на новинарите вработени во редакцијата објавена на огласната табла на медиумот.

„ССНМ смета дека содржината и тонот на наредбата се особено навредливи и понижувачки, не само за новинарите во ТВ ‘Телма’, туку и за имиџот на самата куќа и нејзиното раководство. Однесувањето на новинарите на социјалните мрежи не може и не смее да се ограничува, исто како што не може и не смее да има разлика меѓу нивниот професионален и приватен систем на вредности“, наведе новинарскиот синдикат.

Оттаму велат дека не се работи за прашање на наредби и санкции, туку прашање на фундаменталниот интегритет на новинарот и прашање на внатрешен дијалог и доверба во редакцијата, која, пак, својот интегритет го црпи токму од новинарите и нејзините уредници.

„Со неразбирањето на ова и истакнувањето на еднонасочно срочена забрана со најава за санкции, менаџментот на ТВ ‘Телма’ покажува елементарно непочитување на прашањето за општествена одговорност, не само на новинарите туку и на медиумите, и не може поинаку да се толкува освен како израз на своеволие што оди во насока на попречување на слободата на мислење и говор, темелни права на човекот, на што ССНМ никогаш нема да се согласи“, додава синдикатот.

ССНМ порача до „Телма“ да ја повлече одлуката веднаш и да формулира правилник на однесување на социјалните медиуми, што е востановена пракса во медиумите во светот.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

Орце Костов

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма