ССНМ: Состојбата во медиумите е катастрофална, да не дозволиме да опстанат полтроните

Од:

И една година од масовните протести на новинарите и медиумските работници, кои беа поттикнати од експресните отпуштања на новинари и затворања на медиуми, ништо не е сменето – констатираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Состојбата во медиумите е катастрофална – вели Тамара Чаушидис, претседател на Синдикатот на новинари.

Намалувања и доцнења со плати, принуди за спогодбени откази, непочитување на законската обврска за годишни одмори, сето ова е дел од македонскиот медиумски простор – вели Чаушидис.

Го повика трудовиот инспекторат да влезе во макеоднските медиуми за да ги провери информациите за кратење на годишните одмори. Од ССНМ повикаа вработените во медиумите да се солидаризираат и да се организираат во синдикатни организации. Според Чаушидис она што минатата година инцидентно се случуваше сега му се заканува на секој во новинарската фела.

Чаушидис повика новинарите да не дозволат да победи негативната селекција, да опстанат само послушните и полтроните, бидејќи во суштината на новинарската професија е да се биде гласен.

Според Драган Антоновски време е наместо новинарите да делат правда на секаде и за секого, да се свртат кон себе и своите права. Ги повикаа новинарите во секое време да се обратат за правен совет во нивните канцеларии, бидејќи газдите на медиумите многу често го искористуваат непознавањето на новинарите за нивните права.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

Орце Костов

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма