ССНМ повторно го отвори конкурсот за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“

Од:

По прекинувањето на конкурсот поради пандемијата, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници повторно го отвара конкурсот за истражувачки стории од земјите на Западен Балкан и Турција за годишната „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“.

На конкурсот може да се пријават сите новинари кои објавиле истражувачки стории во периодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година, поврзани со следните теми: слобода на изразување, владеење на право, транспарентност, злоупотреба на моќта и основни човекови права, корупција и организиран криминал.

Наградниот фонд за 2020 година во Република Северна Македонија (за новинарски производ објавен во 2019) изнесува 10.000 евра. Првата награда изнесува 5.000 евра, втората 3.000 и третата 2.000 евра.

На конкурсот може да се пријават поединци или групи на новинари со свои дела од сите новинарски форми (печат, онлајн, радио и ТВ) објавени или емитувани во медиумите во Република Северна Македонија на македонски, албански, на некој од јазиците на заедниците или на некој од светските јазици .

Критериумот за учество е сториите со кои се аплицира да биле објавени во печатен, онлајн, радио или телевизиски медиум во календарската 2019 година .

– Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ на Западен Балкан и Турција има за цел да ги истакне и промовира извонредните постигнувања на истражувачките новинари како и да ја подобри видливоста на квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и Tурција, информираат од ССНМ.

Наградата е продолжение на регионалната „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ во земјите од Западен Балкан и во Турција и е дел од тековниот проект „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција“ администриран од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БиХ) во партнерство со седум медиумски организации. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници како член на конзорциумот, ќе ги координира активностите поврзани со конкурсот во Северна Македонија.

Организациите вклучени во проектот имаат екстензивна експертиза во областа слобода на медиуми и локално и на меѓународно ниво се препознаени како силни независни медиумски организации .

Жири комисијата за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ е составена од експерти за медиуми, некои од нив и од проектниот конзорциум. Други пак се избрани од широката мрежа на контакти која ја имаат членките на конзорциумот, како што се уредници, универзитетски професори и искусни и наградувани новинари.

Рок за пријавување: 17 јули 2020, 24:00. Апликациите се испраќаат исклучиво по електронска пошта на [email protected]. За повеќе детали контактирајте го Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници: [email protected] или +389 70 398 446.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

Орце Костов

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма

Новинарските и медиумските организации се против владини кампањи во медиумите

Катерина Ѓуровски