ССНМ: Попречување на работата на екипата на Алфа ТВ на јавен простор е недозволиво и казниво

Од:

Во Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници сме вознемирени и крајно разочарани од случувањата при снимање на прилог на Алфа кога граѓани се дрзнаа да присвојат јавен простор и да ја избркаат телевизиската екипа со образложение дека тоа ним некој им го дозволил. Потсетуваме дека попречувањето на новинарите и снимателите во обврските за информирање на јавноста е казниво според законот се вели во реакцијата на Синдикатот на новинари и медиумски работници.

– Дополнително, попречувањето е направено во процес на снимање на тема за подигање на свеста за многу горливо и сензитивно прашање за граѓаните и општеството, како што беше темата во прилогот, што дава нехумана тежина на чинот кој е за секоја осуда. Дрскоста и елементарното отсуство на емпатија кон колегите и кон гостите во прилогот на Анастасија Богдановска – Илиевска од страна на “славениците“, кои и да се, не смее да остане незабележано, па и несанкционирано особено што станува збор за јавен простор кој никако не може да биде даден во владеење, па нека е и времено, на група граѓани. ССНМ ја осудува постапката на граѓани кон нашите колегите затоа што освен попречувањето во работата, колку и да не е опасно во овој случај, станува збор за загрозување на безбедноста на новинарите и медиумските работници. Само да потсетиме и да предупредиме, попречувањето на новинарите во вршење на нивната работа е казниво според член 139 од Кривичниот закон, кој таквото дело го препознава како попречување на службено лице во вршење на неговата работа за што е предвидена казна од шест месеци до три години. Воедно ги охрабруваме нашите колеги да пријавуваат до надлежните вакви и слични инциденти, бидејќи колку и да изгледа безопасно, толку може да охрабри други уште поагресивно да се однесуваат кон новинарите и медиумските работници додека се тие на извршување работни задачи, се вели во соопштението од ССНМ.

Би можело да ве интересира

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

ССНМ и „Еднаква“: Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

Горан Наумовски

Синдикатот на новинари бара зголемување на минималната плата и се приклучува на протестот на работниците

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ