ССНМ: Политичарите да престанат да ги понижуваат новинарите и медиумските работници

Од:

ССНМ најостро протестира поради третманот на новинарите и медиумските работници од страна на од политичките елити, каков што беше покажан и вчера попладне пред Клубот на пратениците, кога претставниците на медиумите беа оставени со часови да чекаат надвор од објектот.

„Синдикатот сака да потсети дека таквиот однос, кој што се повторува во континуитет, не е однос кон новинарите и медиумите, туку е однос кон јавноста генерално, со што политиката покажува колку ги цени сопствените граѓани и нивното право да бидат информирани. Цинизмот на политичките елити во нивниот потценувачки и понижувачки однос е дотолку поголем, бидејќи вчера требаше да се преговара за ДИК, но и за истите тие медиуми чии што претставници беа оставени со часови на студ да ги чекаат резултатите од преговорите.

ССНМ бара од сите политичари и институции во иднина на новинарските екипи да им се овозможат елементарни услови за работа и потсетуваме дека силно ќе го креваме нашиот глас пред домашната и меѓународната јавност за условите со кои се третирани медиумските работници од страна на политиката.“, стои во реакцијата на ССНМ.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

Орце Костов

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма