ССНМ остро ги осудува заканите на Штерјев кон новинарите

Од:

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) најостро го осудува денешното однесување на претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев. Како што пренесува порталот А1он, Штерјев денеска им упатил недолични пораки на новинарите на овој медиум преку нивни колега, нарекувајќи ги „неуки“, „недоквакани“ и ред други навреди, вели ССНМ преку соопштение.

„ССНМ потенцира дека ваквото однесување на избраните функционери е недозволиво и суштински поттикнува непријателско однесување кон медиумските работници, па дури и напади кон новинарите. Сакаме да го потсетиме Штерјев дека слободата на медиумите е еден од најважните, ако не и најбитниот столб на едно демократско општество и дека ваквите испади не одат во прилог на никого.

Од соопштението на А1он се разбира дека непријателството на Штерјев потекнува од начинот на известување на овој медиум и сакаме да потенцираме дека доколку некој функционер или било кој граѓанин е незадоволен од начинот на којшто известуваат медиумите постојат многу поцивилизирани начини да се разрешат недоразбирањата.

Постои институтот демант, а во крајна линија Штерјев и останатите носители на јавни функции можат да се обратат со жалба до Советот за етика во медиумите на Македонија.“, се вели во соопштението на ССНМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

Орце Костов

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма

Новинарските и медиумските организации се против владини кампањи во медиумите

Катерина Ѓуровски