ССНМ: Mасакрот врз новинарите на „Шарли Ебдо“ е варварски акт на насилство

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) преку соопштение изрази шокираност и згрозеност од денешниот, како што велат, дивјачки напад во редакцијата на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ во кој загинаа 12 лица, од кои 10 новинари, и изрази сочувство до семејствата на убиените и до целата француска јавност.

ССНМ, се вели во соопштението, ја дели оцената на Европската федерација на новинари (ЕФН), која масакрот веќе го нарече варварски акт на насилство против новинарството и против слободата на медиумите.

Воедно, ССНМ ги повикува македонските колеги утре во 11 часот каде и да се, да се придружат кон едноминутното оддавање почит за убиените новинари што во Меѓународниот прес-центар го организира Европската федерација на новинари.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

Орце Костов

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма