ССНМ: Имаме право да известуваме, но и да имаме став

Од:

По се зачестените напади и континуирано деградирање на позицијата на новинарите и медиумските екипи за време на протестите Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека е неопходно уште еднаш да ја нагласи потребата тие да бидат почитувани и заштитени. Тоа го очекуваме и од припадниците на МВР, од институциите, од партиите, но и од самите учесници на протестите, соопштуваат од Синдикатот.

„Новинарите, фото и видео – репортерите се таму на нивното работно место и нивна задача е да информираат за тоа што се случува. Воедно, новинарите се учесници во јавната дебата и како такви имаат право да промислуваат, коментираат и аргументираат свои ставови без при тоа да бидат предмет на етикетирања и деградирања. Секој напад на новинар и медиумска екипа е напад врз јавноста и јавниот интерес, напад против правото на слобода на изразување, напад против демократијата, но и против пристојноста и цивилизациските вредности. Оттаму, секој таков напад најмногу го легитимира оној што го спроведува, како насилник и недемократ“ стои меѓудругото во соопштението на ССНМ.

Оттаму посочуваат дека „историски гледано со пократок рок се токму насилниците и недемократите. Без оглед на гласноста на улица и на социјалните мрежи – нивното време истекува“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

Орце Костов

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма

Новинарските и медиумските организации се против владини кампањи во медиумите

Катерина Ѓуровски