ССНМ и ЗНМ остро ги осудуваат заканите кон Героски, институциите да реагираат

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинарите на Македонија остро ги осудуваат заканите кои вчера (четврток) биле упатени кон главниот уредник на „Плусинфо“, Бранко Героски.

Според информациите кои јавно ги објави Героски, извесен Борче Гиноски на социјалната мрежа му упатил директна закана со зборовите „Гледај да не те бањаат во Вардар“. Според главниот уредник овие закани се обид тој да биде замолчен, односно да прекине со серијалот текстови поврзани со наводна рекетарка група поврзана со владеачката партија.

ССНМ и ЗНМ сметаат дека ваквите закани претставуваат директен напад на слободата на изразување и слободата на медиумите и изразуваат целосна поддршка на Героски. Исто така ги повикуваме надлежните државни институции да ги преземат сите мерки кои им стојат на располагање за откривање на заканувачот и негово казнување со цел да бидат обесхрабрени сите оние кои во иднина ќе се дрзнат да се закануваат и заплашуваат новинари и медиумски работници.

„За да имаме функционална демократија потребно е високо ниво на слобода на говор и изразување, а такво нешто не може да се постигне доколку новинарите и медиумските работници работат под постојан притисок и закани, бидејќи тоа е само рецепт за создавање атмосфера на самоцензура.

Овие закани кои претставуваат напад врз слободата на известување и слободата на медиумите ќе бидат пријавени до сите меѓународни организации кои се бават со одбрана на слободата на говорот и изразувањето.“, порачуваат од ССНМ и ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ССНМ: Падот на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 е одраз на состојбите во Македонија

А1он

ЗНМ: Извештајот на „Репортери без граници“ е реален показател за потребата од реформи во медиумскиот сектор

Катерина Ѓуровски

ССНМ: Ги поздравуваме измените во Законот за медиуми, но тоа треба да е само дел од процесот за целосно усогласување со ЕУ регулативата

ЗНМ со реакција на одлуките на Апелациониот суд Скопје за нападите на 27 април

ССНМ и ЗНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

А1он

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите