А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ССНМ до Обвинителство: Ги отфрламе заканите да не објавуваме материјали од „Пуч“

by А1он04/02/2015 - 10:2413/04/2016 - 16:46165
Share0

По забраната од Обвинителството да се објавуваат видеа од „Пуч“, со став се огласи новинарскиот синдикат.

Добивај вести на вибер

Еве што стои во нивното соопштение:

ССНМ како новинарски синдикат кој го брани правото на слободно и професионално практицирање на професијата, наспроти тенденциите таа да се претвори во прислужничко, пропагандно новинарство ги отфрла заканувачките предупредувања на Основното Јавно обвинителство дека „објавувањето на матерјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон“.

Новинарите кои ќе дојдат до матерјали поврзани со информации за потенцијален судир на интереси, за погрешно информирање на јавноста преку изјави или постапки на службени лица, организации или власти, за неетично или незаконско однесување на функционери, за злосторства или сериозни прекршувања на закон имаат професионална обврска тоа да го објават.

Тоа е суштината на фундаменталниот принцип на новинарството – информирање во јавен интерес и почитување на уставното право на јавноста да знае! Тоа е кредото на професијата безоглед што за тоа другите, вклучително и власта, мислат!

Никакви предупредувања на Јавни обвинителства не смеат да бидат оправдување за повлекување од основната задача на новинарството – да го брани јавниот интерес така што ќе и помогне на јавноста преку информациите што ги пренесува, самата да донесе сопствена одлука и сопствено мислење за прашањата и случувањата во општеството.

Затоа новинарите имаат не само право, туку и обврска да откриваат информации за кривични дела и да попречат заведување и манипулирање на јавноста од позиција на моќ.

pucssnm

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ12/08/2025 - 18:1912/08/2025 - 18:20

ССНМ бара зголемување на минималната плата како начин за зачувување на слободата на медиумите и дигнитетот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2025 - 11:10

ССНМ предупредува на непрофесионалниот однос на организаторот кон новинарите на прославата на Илинден на Крушево

Катерина Ѓуровски03/08/2025 - 14:3803/08/2025 - 16:06

ССНМ бара Македонија да реагира и да помогне во спречувањето на хуманитарната катастрофа во Газа

Катерина Ѓуровски28/07/2025 - 13:54

ССНМ: Апелот на Министерството за здравство претставува потенцијална цензура

Горан Наумовски07/07/2025 - 13:02

ССНМ бара даночно ослободување на придонесите на новинарите и медиумските работници

Катерина Ѓуровски26/05/2025 - 14:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен