А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ССМ против работодавачите околу неработната недела: Навикнати сте на робовладетелско општество

by А1он08/03/2021 - 15:57378
Share0

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) реагира на денеска изразените ставови на Организацијата на работодавачи, коja смета дека владиниот план за неработна недела ќе предизвика проблеми и загуби во работењето на голем број компании.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Да си правиш дебата дали требало или не да се работи во недела и да дебатираш сам со себе без да ги слушнеш работниците, односно оние кои ти работат во недела, е еднакво на робовладетелско општество на кое се навикнати македонските работодавачи,“ велат од ССМ.

„Ги прашуваме дали на дебатата станало збор дека за работа во недела само за додатокот кој треба да го платат на работниците, а не го плаќаат, им остануваат 7 милиони евра за само една работна недела и 3 милиони евра за придонеси од задолжително социјално осигурување кои требало да ги платат на Државата.

На каков начин ги мотивирале досега работниците да им работат во недела и со својот труд да им го создаваат капиталот?

Следете a1on на Youtube YouTube

Се прашуваме дали поранешниот Директор на технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) при привлекување на странските инвеститори, на истите им нудел робови или работници во Македонија, за кои очигледно се борел да не мораат да бидат ниту одморени ниту платени за својата работа, а поради тоа и таму е забрането да се формираат синдикати и работниците да се организираат за заштита на нивните работнички права,“ се вели во реакцијата од ССМ.

nerabotna nedelarabotodavacissm

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 13:14

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 12:48

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 07:44

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Горан Наумовски29/04/2026 - 13:24

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Горан Наумовски20/04/2026 - 12:21

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 14:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто