ССМ: Директорот на Водовод продолжува со своето шерифско однесување, незаконски му даде отказ на претседателот на Син­дикатот

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија денеска објави дека претседателот на синдикалната организација на „Водовод и канализација” Стојанче Кашински добил отказ од страна на в.д. директорот на претпријатието Марјанче Митовски.

„В.д Директорот на ЈП Водовод и канализац­ија​ Скопје, Марјан­че Митовски продолжу­ва со своето шерифско однесување и утрин­ава спротивно на Зак­он и колективен дого­вор му дал отказ на претседателот на Син­дикатот во Водовод и канализација Скопје што е преседан во работењето имајки во предвид дека в.д дир­екторот е непресметл­ива личност, со кон­фликтна состојба на работа, со лоши мисл­и, кој смислил дека како одговор на наја­вениот штрајк во ЈП Водовод и канализаци­ја сега е моментот да му даде отказ на претседателот на синд­икатот Кашиковски“, велат од Сојузот на синдикатите.

Се додава дека согласно Закон и колективен договор на претседателот на синдикат не може да му се даде отказ, особено поради тоа што во моментот се спроведува постапка за штрајк и ваквиот притисок е порака за работниците да бидат послушници на Митовски, кој веќе и им испраќаше и заканувачки пораки на сите работници кои сега се остваруваат и покрај предупредувањето од Синдикатот СУТКОЗ при ССМ што беше и едно од главните барања за разрешување на в.д директорот”, пишува во соопштението од ССМ.

„Отказот е даден пора­ди тоа што конфликтн­иот Митовски лошо см­ислил дека работникот Стојанче Кашиковски е должен да извршу­ва работни задачи и обврски за време на годишен одмор, а еди­нствено одговорно ли­це кај правното лице​согласно Статутот на ЈП Вододовод и канализација Скопје за извршување на тие задачи бил токму Мит­овски“, се наведува во реакцијата.

Од ССМ бараат итна седница на Управниот одбор кој како второстепен орган во претпријатието е надлежен да одлучува по приговори и жалби и да се укине решението за изрекување на дисциплинска мерка – престанок на работен однос. Од Управниот одбор бараат да утврди и зошто Митовски не ги спроведува нивните одлуки.

Би можело да ве интересира

Трендафилов: Не не буткајте на улица, дајте да седнеме да се договориме за зголемување на платите

А1он

ССМ: Функционер со 2.500 му кажува на работник со 400 евра плата како добро се живее, за да не аздиса

А1он

Минималната синдикална кошница за август изнесува 65.507 денари или 1.065 евра

Горан Наумовски

Трендафилов: Да не замајуваат со кошнички, туку да ги зголемат платите

ССМ утре ќе бара 500 евра минимална плата и 6.000 денари зголемување на сите плати

А1он

Синдикалната минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

Горан Наумовски