Српските цариници на границата со Македонија запленија над 100.000 евра

Од:

Во текот на изминатите неколку дена, српските царински службеници во соработка со полицијата на граничните премини Прешево и Прохор Пчињски со Северна Македонија спречија два обиди за шверц на девизи преку граница и запленија вкупно 91.000 евра, јави дописникот на МИА од Белград.

Првиот случај се случил на 25 февруари 2022 година на преминот Прохор Пчињски, каде поради непријавување девизи брачна двојка македонски државјани е прогласена за виновна, соопштија од српската Царинска управа.

Брачната двојка македонски државјани се движела со автомобил со германски регистарски таблички, а кога поради контрола биле запрени на излез од Србија, рекле дека немаат што да пријават.

Но, било утврдено дека возачот во личната торба имал 30.000 евра за кои немал потврда, додека во чантата на неговата сопруга биле пронајдени уште 11.000 евра.

Откако на патниците им била вратена дозволената сума од 10.000 евра, со прекршочна пријава е задржана сума од 21.000 евра до завршување на судската постапка.

Во вториот случај, кој се случи на 28.02.2022 година, на преминот Прешево-Табановце, при детална контрола на влез во Србија на „БМВ“ со кое патувал 46-годишен маж со лични документи од Косово, на прашањето дали има нешто за пријавување, патникот одговорил негативно, по што цариниците при преглед на неговиот автомобил во преграда на возачката врата пронашле 80.000 евра.

Ковертот со банкноти од по 500 евра бил добро скриен под разни ситни предмети и музички дискови.

Во прекршочната постапка надлежниот суд ќе одлучува за судбината на 70.000 евра колку што е разликата меѓу откриената и дозволената сума што не мора да се пријави при преминување на српската граница.

За да се избегнат ваквите ситуации, од српската Царинска управа потсетуваат дека секоја сума поголема од 10.000 евра во динари или девизи треба да се пријави при секое преминување на српската државна граница и дека таквата постапка не трае повеќе од неколку минути.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов